ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Пелистерци се враќаат на домашните обврски

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер по одиграниот дуел со Алборг, се враќа на обврските во домашниот шампионат.

Избраниците на Александар Јовиќ денес ќе го одиграат првиот домашен натпревар во суперлигашката конкуренција.

Во спортската сала „Боро Чурлевски“ гостин ќе биде тимот на Мулти Есенс, кој е дебитант во елитата.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и тимот од Скопје е во рамки од второто коло, кое токму денес ќе биде целосно комплетирано.

Пелистерци нема да имаат многу одмор, бидејќи утре ќе играат против Голден Арт.

Двата натпревари за Еурофарм Пелистер ќе бидат добар тест и добра проверка на силите пред дуелот со Кил на 27 септември.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

14: МАКАБИ ЛЕ ЗИОН – ХАПОЕЛ РАМАТ (ИЗРАРЛ)

18:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – МУЛТИ ЕСЕНС (МАКЕДОНИЈА)

18:00 ОЛДЕНБУРГ – ПАОК (ЕВРОПСКИ КУП)

18:00 ДРАМЕН – ХАЛСУМ (НОРВЕШКА)

18:00 МОШОНМАЃАРОВАР – АЛБА (УНГАРИЈА)

18:30 ТАТАБАЊА – ДАБАС (УНГАРИЈА)

19:00 УБ – ВРАЊЕ (СРБИЈА)

19:00 ХАНОВЕР – ФЛЕНСБУРГ (БУНДЕС)

19:00 ФРЕДЕРИЦИЈА – ЕСБЈЕРГ (ДАНСКА)

19:30 ЛЕМВИНГ – ХОЛСТЕБРО (ДАНСКА)

19:30 ДОБОВА – ТРЕБЊЕ (СЛОВЕНИЈА)

20:00 БАЛИНГЕН – ФУКСЕ БЕРЛИН (БУНДЕС)

20:00 ШАМБЕРИ – ИВРИ (ФРАНЦИЈА)

20:00 ТУЛУЗ – НАНТ (ФРАНЦИЈА)

20:00 СЕНТ РАФАЕЛ – СЕСОН (ФРАНЦИЈА)

20:00 ШАРТ – ДИЖОН (ФРАНЦИЈА)

20:00 БИДАСОА – ВАЉАДОЛИД (АСОБАЛ)

21:30 ХУЕСКА – ПУЕНТЕ ХЕНИЛ (АСОБАЛ)