ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Пелистерци бркаат осминафинале во ЛЕ, Вардар гостува во Белград

Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер денес против Мотор Запорожје ќе брка пласман во осминафиналето од Лига на Европа.

Битолчани со победа, но и со нерешен резултат ќе продолжат во следната фаза од Лига на Европа и ќе играат во осминафиналето.

Ракометарите на Ларс Валтер доколку загубат, тогаш предвреме ќе ја завршат европската авантура за натпреварувачката сезона 2022/23.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Мотор Запорожје ќе се одигра со почеток од 20:45 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“.

Освен Еурофарм Пелистер, денес свој настап ќе има и македонскиот шампион Вардар, кој ќе му гостува на Партизан во Белград во рамки од последното коло од групната фаза во регионалната СЕХА лига.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

14:00 ОМСК – СТАВРОПОЛ (РУСИЈА)

17:00 ВЕСПРЕМ ККФТ – БЕНФИКА (ЛИГА НА ЕВРОПА)

18:00 ПАРТИЗАН – ВАРДАР (СЕХА ЛИГА)

18:30 МОРС – ЛЕМВИНГ (ДАНСКА)

18:45 ГЕПИНГЕН – МОНПЕЛЈЕ (ЛИГА НА ЕВРОПА)

18:45 КАДЕТЕН – ПРЕШОВ (ЛИГА НА ЕВРОПА)

18:45 СКЈЕРН – БАЛАТОНФУРЕДИ (ЛИГА НА ЕВРОПА)

18:45 ИШТАД – ВАЛУР (ЛИГА НА ЕВРОПА)

20:45 АГУАШ – ФУКСЕ (ЛИГА НА ЕВРОПА)

20:45 ЕКС АН ПРОВАНС – БЕНИДОРМ (ЛИГА НА ЕВРОАП)

20:45 АЛПЛА – ГРАЊОЛЕРС (ЛИГА НА ЕВРОПА)

20:45 БИДАСОА – АРХУС (ЛИГА НА ЕВРОПА)

20:45 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – МОТОР (ЛИГА НА ЕВРОПА)

20:45 ФТЦ – ФЛЕНСБУРГ (ЛИГА НА ЕВРОПА)

20:45 СПОРТИНГ – НЕКСЕ (ЛИГА НА ЕВРОПА)