ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Пелистерци бркаат победа против Агуаш Санташ

Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер денес на свој терен ќе се соочи со незгодниот состав на Агуаш Санташ во рамки од 8. коло од Лига на Европа.

Пелистерци со евентуална победа над тимот од Португалија би го потврдиле пласманот во осминафиналето, бидејќи до крајот од групната фаза ќе преостанат уште два дуели.

Првиот дуел меѓу Еурофарм Пелистер и Агуаш Санташ, кој беше одигран на почетокот на сезоната, заврши со триумф на битолскиот тим од два гола разлика, 29:27.

Португалската екипа во претходното коло приреди изненадување, славеше против Бидасоа Ирун и покажа дека може да се надигрува против поквалитетни екипи.

На денешната програма од Лига на Европа вкупно ќе бидат одиграни 12 дуели од 8. коло.

Во групата Д, во која се наоѓа Еурофарм Пелистер, екипата на Архус ќе биде домаќин на украинскиот шампион Мотор Запорожје, додека Бидасоа ќе оди на мегдан со лидерот Фуксе Берлин.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

17:00 БАЛАТОНФУРЕДИ – НЕКСЕ (ЛИГА НА ЕВРОПА)

18:45 ГЕПИНГЕН – БЕНФИКА (ЛИГА НА ЕВРОПА)

18:45 ПРЕШОВ – МОНПЕЛЈЕ (ЛИГА НА ЕВРОПА)

18:45 АРХУС – МОТОР (ЛИГА НА ЕВРОПА)

18:45 ИШТАД – ФЕРЕНЦВАРОШ (ЛИГА НА ЕВРОПА)

20:45 ЕКС АН ПРОВАНС – ФЛЕНСБУРГ (ЛИГА НА ЕВРОПА)

20:45 БИДАСОА – ФУКСЕ БЕРЛИН (ЛИГА НА ЕВРОПА)

20:45 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – АГУАШ САНТАШ (ЛИГА НА ЕВРОПА)

20:45 КАДЕТЕН  – ВЕСПРЕМ ККФТ (ЛИГА НА ЕВРОПА)

20:45 СКЈЕРН – АЛПЛА ХАРД (ЛИГА НА ЕВРОПА)

20:45 СПОРТИНГ – ГРАЊОЛЕРС (ЛИГА НА ЕВРОПА)

20:45 ВАЛУР – БЕНИДОРМ (ЛИГА НА ЕВРОПА)