За денеска на ракометната програма се предвидени само четири средби.
Две од нив се во српскиот шампионат, еден прволигашки дуел ќе се одигра во Македонија, додека во терминот од 18:00 часот по вторпат ќе се соочат Партизан и Татран Прешов во регионалната СЕХА лига.
Токму овие две екипи ќе го затворат првиот дел од сезоната во регионалното натпреварување и по исходот од денешниот дуел ќе се знае целата ситуација во групата Б, во која се наоѓа и актуелниот шампион на Македонија, Вардар.
Екипата на Татран Прешов на првиот натпревар против клубот од Белград триумфираше со четири гола разлика, 29:25.
Во прволигашкиот плеј-оф свој дуел ќе имаат екипите на Металург РА и Шампион, кој во последното коло од регуларниот дел го обезбеди настапот меѓу најдобрите екипи од Првата лига.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:00 ПАНЧЕВО – МЕТАЛОПЛАСТИКА (СРБИЈА)
18:00 ПАРТИЗАН – ТАТРАН (СЕХА ЛИГА)
18:00 БЕКАМЕНТ – МЕДИЦИНАР (СРБИЈА)
19:30 МЕТАЛУРГ РА – ШАМПИОН (МАКЕДОНИЈА)