Денес со два натпревари ќе се комплетира вонредното 6.коло во суперлигашкиот плеј-оф/аут.
Екипата на Охрид, која во досегашниот тек од плеј-оф фазата оствари само една победа, оди на изненадување во Битола кај тимот на Еурофарм Пелистер.
Избраниците на Александар Јовиќ по дерби поразот од Вардар ќе бараат рехабилитација токму во дуелот со незгодниот состав на Охрид.
Вардар Неготино во борбата за опстанок на свој терен ќе ја пречека Јуниор КВ. Овие две екипи во плеј-аут фазата имаат по седум бодови и победникот од денешниот дуел за момент ќе избега од опасната зона за испаѓање.
Низ Европа ќе се игра во неколку шампионати, вклучувајќи ја и Бундес лигата.
Во терминот од 18:45 часот ќе се одигра реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите меѓу екипите на Веспрем и ПИК Сегед, додека од 20:45 часот е данскиот двобој во елитното натпреварување меѓу ГОГ и Алборг.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
16:00 СЛАТИНА – ЧИСНАДИЕ (РОМАНИЈА)
16:30 БРАИЛА – ГЛОРИЈА БИСТРИЦА (РОМАНИЈА)
17:00 БУЗАУ – КРАЈОВА (РОМАНИЈА)
17:00 ТАРГУ – ЗАЛАУ (РОМАНИЈА)
17:30 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ОХРИД (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ЉУБЉАНА – КРКА (СЛОВЕНИЈА)
18:00 КРАСНОДАР – ПЕРМ (РУСИЈА)
18:15 РАПИД – ВАЛЧЕА (РОМАНИЈА)
18:15 РУНАР – ДРАМЕН (НОРВЕШКА)
18:30 ВАРДАР НЕГОТИНО – ЈУНИОР КВ (МАКЕДОНИЈА)
18:30 ХАПОЕЛ РИШОН – ХАПОЕЛ АШДОД (ИЗРАЕЛ)
18:45 ВЕСПРЕМ – СЕГЕД (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
19:00 КРИСТИЈАНШТАД – БОДЕН (ШВЕДСКА)
19:05 ЛАЈПЦИГ – ГУМЕРЗБАХ (БУНДЕС ЛИГА)
19:05 ЛЕМГО – РАЈН НЕКАР (БУНДЕС ЛИГА)
19:05 ШТУТГАРТ – МЕЛСУНГЕН (БУНДЕС ЛИГА)
19:30 БАЕР – ЦВИКАУ (БУНДЕС ЛИГА)
19:30 СЕСВЕТЕ – ГОРИЦА (ХРВАТСКА)
20:00 ЛИМОЖ – СЕНТ РАФАЕЛ (ФРАНЦИЈА)
20:30 СЕСОН – ДАНКЕРК (ФРАНЦИЈА)
20:45 ГОГ – АЛБОРГ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)