После вчерашната информација дека се одлагаат средбите во Шведска, Русија и Турција стана јасно дека се спушта завесата на ракометот насекаде низ Европа, па во следниот период нема да има натпревари.
За денеска беа предвидени дуели во Шведска, но нема да има ништо од тоа и нема да се играат средби. Оттаму денеска нема да има ракомет,а така ќе биде и во следните денови, па затоа рубриката „Денеска на терените“ ќе биде на пауза извесен период сè до враќањето на ракометарите на терен.