По стартот на подготовките за Светското првенство, првиот ривал на Македонија, Норвешка ќе го одигра првиот тест натпревар.
Избраниците на Јонас Виле во рамките на Златната лига ќе се соочат со незгодната Португалија во Трондхајм.
Покрај овој дуел во рамките на ова натпреварување се игра и мечот меѓу Бразил и САД, а Данска на домашен терен ќе има проверка против Саудиска Арабија.
Уште еден ривал на Македонија, ќе настапи на турнир во шпанскиот Бенидорм, а прв ривал на „гаучосите“ ќе биде Бахреин.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:00 СЛАВИЈА ПРАГА – ПОРУБА (ЧЕШКА КУП)
16:45 БРАЗИЛ – САД (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)
19:15 НОРВЕШКА – ПОРТУГАЛИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)
20:30 ДАНСКА – САУДИСКА АРАБИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)
15:45 АРГЕНТИНА – БАХРЕИН (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)
17:00 ПОЛСКА – МАРОКО (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)
18:00 СЛОВЕНИЈА – УНГАРИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)
18:00 ШПАНИЈА – РОМАНИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)
19:30 БЕЛГИЈА – ИРАН (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)