Денеска на терените: Норвежаните наострени за реванш против Белорусија

Меѓу неколкуте квалификациски средби кои се играат деновиве денеска треба да биде одигран еден дуел во кој се среќаваат селекциите на Норвешка и Белорусија.

Ова практично е возвратниот натпревар и е од 4. коло откако претходниот го одиграа во вторникот, а Норвежаните претрпеа тежок пораз.

Со оглед на тоа што одлуката на Норвешка беше во квалификациите да игра со Б составот, а најдобрите да се подготвуваат за Мундијалот и беше очекувано да има ваков епилог на првиот дуел.

Сепак, денеска може да се очекува сосема поинаков епилог така што може да се очекува Норвешка да се обиде да се реваншира и да одигра далеку посилно. Оттаму ова ќе биде интересен натпревар и секако ќе биде дуел кој ќе најави возбудлив квалификациски викенд.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

18:00ч

БРНО – ЛОВОСИЦЕ (Чешка Екстралига)

ФЕХЕРВАР – ШОМБАТЕЛИ (Унгарија 1, жени)

18:15ч

НОРВЕШКА – БЕЛОРУСИЈА (Квалификации за ЕП 2022)

19:00ч

РИНГСТЕД – РОДОВРЕ (Данска 2, жени)

СОНДЕРЈИСКЕ – ХАДСТЕН (Данска 2, жени)

КРИСТИЈАНШТАД – ВАСТЕРАС (Шведска 1, жени0

19:30ч

СКИВ – ОДЕНЗЕ (Данска 2)

БРУЛ – КРОЈЦЛИНГЕН (Швајцарија 1, жени)