Во рамки од Лигата на шампионите во машка конкуренција денес ќе се одиграат последните четири натпревари од 13. коло.
Единствениот претставник од Македонија во Лигата на шампионите, голманот Никола Митревски заедно со Порто ќе му гостуваат на Веспрем.
Порто во досегашниот тек од сезоната забележа само една победи и едно реми, има шанси за осминафинале, но мора да победи на трите меча до крајот, а конкурентите Загреб и Висла Плоцк да загубат се до крајот.
Избраниците на Момир Илиќ ќе атакуваат на сигурна победа, со која ќе останат во игра за 2. позиција во групата А. За потсетување, првопласираниот и второпласираниот од двете групи обезбедуваат директен пласман во четвртфиналето.
Екипите на Висла Плоцк, која сѐ уште се наоѓа во игра за пласман во осминафиналето, ќе се соочи со ПСЖ, тимот на Динамо Букурешт на свој терен ќе го пречека ГОГ, додека Келце по вторпат ќе ги одмери силите со Нант.
Освен во Лигата на шампионите, ќе се игра во шампионатите во неколку земји. На денешните натпревари активни ќе бидат дел од македонските интернационалци.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
10:00 РОМАН – СЛАТИНА (РОМАНИЈА)
11:30 СТИНТА – ТУРДА (РОМАНИЈА)
16:30 ПЛОИЕСТИ – МИОВЕНИ (РОМАНИЈА)
17:00 БРАСОВ – ГАЛАТИ (РОМАНИЈА)
17:00 ДУНАРЕА БРАИЛА – ГЛОРИЈА БУЗАУ (РОМАНИЈА)
17:00 ТАРГУ – МАГУРА (РОМАНИЈА)
18:00 ШИОФОК – ЃЕР (УНГАРИЈА)
18:45 ДИНАМО – ГОГ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
18:45 ВЕСПРЕМ – ПОРТО (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
18:45 ВИСЛА ПЛОЦК – ПСЖ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
19:05 ХАМБУРГ – ХАНОВЕР (БУНДЕС ЛИГА)
19:05 ВЕСТФАЛЕН – ГУМЕРЗБАХ (БУНДЕС ЛИГА)
19:05 ВЕЦЛАР – ЕРЛАНГЕН (БУНДЕС ЛИГА)
19:15 БЕРН – ЦИРИХ (ШВАЈЦАРИЈА)
20:45 НАНТ – КЕЛЦЕ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)