ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Мирен ден после бурниот викенд, Ристовска и ЦСКА одат на нова победа

Понеделникот стандардно не изобилува со многу натпревари. После викендот во кој се играше речиси насекаде денеска на програмата се само неколку дуели во дел од земјите од Европа.

Денес ќе се игра во шампионатите во Русија, Израел, Германија, Шведска и Исланд.

Свој настап ќе има репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска, која со ЦСКА Москва на свој терен ќе го пречекаат Ижевск во натпревар од рускиот шампионат.

ЦСКА Москва е единствената екипа која во досегашниот тек од сезоната нема загубено натпревар во Русија.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

14:00 ОМСК – МОСКВА (РУСИЈА)

14:30 ДИНАМО СУНГУЛ – ПЕРМСКИ МЕДВЕДИ (РУСИЈА)

17:00 ЦСКА КИЕВ – ЛВОВ (УКРАИНА)

17:00 ВАСТЕРАС – ОНЕРЕДС (ШВЕДСКА)

17:00 ЗВЕНИГОРОД – СТАВРОПОЛ (РУСИЈА)

17:30 БАЛТИЧКА ЗОРА – КРАСНОДАР (РУСИЈА)

17:30 ЦСКА МОСКВА – ИЖЕВСК (РУСИЈА)

18:00 ЛУЧ – РОСТОВ ДОН (РУСИЈА)

18:00 РАМАТ ХАШАРОН- ТЕЛ АВИВ (ИЗРАЕЛ)

19:00 ЛУДВИГСХАФЕН – ЕСЕН (ГЕРМАНИЈА)

20:30 ИР РЕЈКЈАВИК – ФРАМ (ИСЛАНД)

20:30 СЕЛФОС – ХАФНАРФЈОРДУР (ИСЛАНД)