Младинките на Македонија денес ќе го одиграат последниот дуел на Европското првенство во Романија.
Избраничките на Јулијана Дамчевска во натпреварот за 15. позиција ќе се соочат со Хрватска.
Македонија со евентуална победа против Хрватска ќе го избегне последното место на Европското првенство.
На утрешната програма ќе бидат финалните натпревари, како и оние за петто и седмо место.
Денес на ЕХФ шампионатот во Литванија и Косово ќе се одиграат неколку натпревари.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
12:00 ХРВАТСКА – МАКЕДОНИЈА (ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО)
12:00 ТУРЦИЈА – ЕСТОНИЈА (ЕХФ ШАМПИОНАТ)
12:15 ФИНСКА – ЛИТВАНИЈА (ЕХФ ШАМПИОНАТ)
14:15 БИХ – БУГАРИЈА (ЕХФ ШАМПИОНАТ)
14:30 ИЗРАЕЛ – КОСОВО (ЕХФ ШАМПИОНАТ)
14:45 СРБИЈА – ИСЛАНД (ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО)
16:30 ЧЕШКА – ГЕРМАНИЈА (ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО)
16:30 ШПАНИЈА – ЛИТВАНИЈА (ЕХФ ШАМПИОНАТ)
16:45 ИТАЛИЈА – ПОЛСКА (ЕХФ ШАМПИОНАТ)
18:45 ХОЛАНДИЈА – НОРВЕШКА (ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО)
18:45 СЛОВЕНИЈА – ФАРСКИ ОСТРОВИ (ЕХФ ШАМПИОНАТ)
19:00 АВСТРИЈА – СЛОВАЧКА (ЕХФ ШАМПИОНАТ)