Машката кадетска репрезентација на Македонија денес ќе се соочи со Грузија во рамки од последното коло од групната фаза на Светското првенство.
Македонските кадети по вчерашниот триумф над Црна Гора веќе се на чекор до пласман во следната фаза на кадетскиот Мундијал.
Грузија на дуелите со Норвешка и Црна Гора беше убедливо поразена, па избраниците на Раде Стојановиќ можат да се надеват на позитивен резултат на денешниот дуел, но ќе треба максимално да одработат за да дојдат до посакуваната цел.
Дуелот меѓу Македонија и Грузија ќе се одигра со почеток од 17:30 часот, додека Норвешка и Црна Гора играат од 19:30 часот.
Кадетките на Македонија имаат ден одмор на Европското првенство и последниот дуел од групниот сегмент ќе го одиграат утре, а ривал ќе им биде Франција.
Денес стартуваат ЕХФ шампионатите за кадетки во Азербејџан и Турција.
Распоред на денешните натпревари на Светското кадетско првенство:
13:00 САУДИСКА АРАБИЈА – САД
13:30 ЧИЛЕ – МЕКСИКО
13:30 ЈАПОНИЈА – ЧЕШКА
13:30 МАРОКО – НОВ ЗЕЛАНД
15:00 ГЕРМАНИЈА – АРГЕНТИНА
15:30 ДАНСКА – АВСТРИЈА
15:30 ЕГИПЕТ – ИСЛАНД
15:30 РУАНДА – АЛЖИР
17:00 ИРАН – БУРУНДИ
17:30 БРАЗИЛ – БАХРЕИН
17:30 УНГАРИЈА – СЛОВЕНИЈА
17:30 МАКЕДОНИЈА – ГРУЗИЈА
19:00 ШВЕДСКА – ФАРСКИ ОСТРОВИ
19:30 НОРВЕШКА – ЦРНА ГОРА
19:30 ПОРТУГАЛИЈА – ХРВАТСКА
19:30 ШПАНИЈА – ЈУЖНА КОРЕЈА
Распоред на денешните натпревари од ЕХФ шампионатот за кадетки во Азербејџан и Турција:
09:15 ФАРСКИ ОСТРОВИ – ГРЦИЈА
10:30 АВСТРИЈА – ЛЕТОНИЈА
11:30 ЛУКСЕМБУРГ – ИЗРАЕЛ
12:45 СЛОВАЧКА – КОСОВО
13:45 СЛОВЕНИЈА – БИХ
15:00 ФИНСКА – БУГАРИЈА
16:30 ГРУЗИЈА – АЗЕРБЕЈЏАН
17:45 ТУРЦИЈА – ВЕЛИКА БРИТАНИЈА