Машката репрезентација на Македонија денеска го игра третиот пријателски натпревар како дел од подготовките за Светското првенство во Полска и Шведска.
Ривал на избраниците на Кире Лазаров ќе биде Хрватска, а мечот ќе се игра во Пореч во рамките на „Кроација Куп“. Нашата селекција ќе биде без Филип Талески, Никола Митревски и Цветан Кузманоски, кои останаа во Скопје.
„Коцкестите“ имаа големи проблеми со ростерот, но и покрај тоа имаат силен и искусен тим што може да дотурка далеку на Мундијалот.
Мечот меѓу Македонија и Хрватска се игра вечерва од 20:15 часот.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
20:15 МАКЕДОНИЈА – ХРВАТСКА (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)
19:00 СОНДЕРЈИСКЕ – АЈАКС КОПЕНХАГЕН (ДАНСКА)
20:30 АШЕНХАЈМ – НИЦА (ФРАНЦИЈА КУП)
20:00 ЛОГАТЕЦ – ЉУБЉАНА (СЛОВЕНИЈА)
17:00 ИРАН – МАРОКО (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)
19:30 ПОЛСКА – БЕЛГИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)
16:00 ШВЕДСКА – СРБИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)
16:45 АРГЕНТИНА – РОМАНИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)
17:00 ТУНИС – АЛЖИР (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)
17:45 ЗЕЛЕНОРТСКИ ОСТРОВИ – АВСТРИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)
19:00 ШПАНИЈА – БАХРЕИН (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)
20:15 ШВАЈЦАРИЈА – ЈАПОНИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)