ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Македонија против силната Франција на ЕП

Женската кадетска репрезентација на Македонија денес на Европското првенство во Црна Гора ќе го одигра последниот дуел во рамки од групната фаза.

Ривал на избраничките на Кристијан Грчевски ќе биде репрезентацијата на Франција, која веќе обезбеди пласман во следниот круг на континенталниор собир.

Французинките триумфираа во дуелите со Романија и Унгарија и на денешниот дуел против македонската кадетска репрезентација се големи фаворити.

Македонија против Франција ќе се обиде да го поправи лошиот впечаток од првите два одиграни дуели.

Освен дуелот Македонија – Франција, на програмата ќе бидат уште седум натпревари, по што ќе бидат познати сите патници во четвртфиналето.

Распоред на денешните натпревари на Европското кадетско првенство:

13:30 ДАНСКА – НОРВЕШКА

13:30 ШВЕДСКА – СРБИЈА

15:45 ХРВАТСКА – ШВАЈЦАРИЈА

15:45 ПОРТУГАЛИЈА – ХОЛАНДИЈА

18:00 УНГАРИЈА – РОМАНИЈА

18:00 ГЕРМАНИЈА – ЦРНА ГОРА

20:15 ЧЕШКА – ИСЛАНД

20:15 ФРАНЦИЈА – МАКЕДОНИЈА

Распоред на денешните натпревари на ЕХФ шампионатот за кадетки во Азербејџан и Турција:

09:15 БИХ – ЛИТВАНИЈА

11:00 ЛАТВИЈА – ИТАЛИЈА

11:30 ГРЦИЈА – ШПАНИЈА

13:15 ВЕЛИКА БРИТАНИЈА -АВСТРИЈА

13:45 ИЗРАЕЛ – ФАРСКИ ОСТРОВИ

15:30 КОСОВО – ПОЛСКА

16:00 AЗЕРБЕЈЏАН – СЛОВЕНИЈА

17:45 БУГАРИЈА – СЛОВАЧКА

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!