Женската младинска репрезентација на Македонија во рамки од подготвителниот период за ЕП во Романија ќе тестира на уште еден турнир.
Избраничките на Јулијана Дамчевска од денес, па до 2 јули ќе настапот на турнирот „Трофеј Карпати“ што ќе се одржи во романскиот град Питешти.
Освен Македонија и домаќинот Романија, на овој турнир ќе настапат селекциите на Швајцарија и Србија.
Прв предизвик за Македонија ќе биде дуелот против селекцијата на Романија, потоа следуваат пресметките со Швајцарија и Србија.
Македонија претходно настапи на силниот турнир „Четири нации“ во унгарскиот град Дабас.
Европското младинско првенство во Романија ќе се игра од 6 до 16 јули. Младинките на Македонија на младинскиот континентален собир се во група со Данска, Чешка и Црна Гора.
Распоред на денешните натпревари на „Трофеј Карпати“
14:00 ШВАЈЦАРИЈА – СРБИЈА
16:30 РОМАНИЈА – МАКЕДОНИЈА