ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Келце на тешко гостување кај Кил, ПИК Сегед по изненадување во Данска

Денеска на ракометните терени ќе продолжат натпреварите од 11. коло во Лигата на шампионите.

Келце, кој што преживува тешка финансиска криза, ќе му биде гостин на Кил. Тимот на Талант Душебаев ќе биде драстично ослабен поради заминувањето на Недим Ремили, но полскиот шампион ќе даде се од себе да ја задржи 2. позиција на табелата и да обезбеди директен пласман во четвртфиналето.

Екипата на Алборг, која извесен период нема да може да смета на Микел Хансен, пред својата публика ќе се соочи со незгодниот состав на ПИК Сегед, кој ќе атакува на петтата сезонска победа во елитното натпреварување.

Алборг во групата Б се наоѓа на 6. позиција со седум бода, додека бод повеќе има унгарскиот шампион. И двата тимови се далеку од директен пласман во четвртфиналето, па денешниот дуел ќе биде надигрување за подобар пласман на табелата.

Во останатите дуели од Лигата на шампионите ќе играат Барселона со Елверум потоа словенечкиот шампион Целје ќе го предизвика Нант и ќе се обиде да дојде до изненадување во Франција, додека Висла Плоцк на свој терен ќе го пречека Магдебург.

Освен во Лигата на шампионите, денес ќе се игра во шампионатите во Русија, Шведска, Германија, Исланд, Швајцарија…

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

15:00 ДИНАМО – ЗЕНИТ (РУСИЈА)

15:30 САРАТОВ – ОМСК (РУСИЈА)

17:00 КРАСНОДАР – СУНГУЛ (РУСИЈА)

18:30 СИЛКЕБОРГ – ЕСБЈЕРГ (ДАНСКА)

18:45 АЛБОРГ – ПИК СЕГЕД (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

18:45 КИЛ – КЕЛЦЕ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

19:00 СКОВДЕ – СКАРА (ШВЕДСКА)

19:00 ВИНТЕРТУР – СТ. ГАЛЕН (ШВАЈЦАРИЈА)

19:05 ГЕПИНГЕН – ЕРЛАНГЕН (БУНДЕС ЛИГА)

19:05 ГУМЕРЗБАХ – ЛЕМГО (БУНДЕС ЛИГА)

19:05 МИНДЕН – РАЈН НЕКАР (БУНДЕС ЛИГА)

19:05 ВЕЦЛАР – ХАНОВЕР (БУНДЕС ЛИГА)

19:30 ХАУКАР – СТЈАРНАН (ИСЛАНД)

20:00 ЦИРИХ – ЗУР (ШВАЈЦАРИЈА)

20:45 БАРСЕЛОНА – ЕЛВЕРУМ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

20:45 НАНТ – ЦЕЛЈЕ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

20:45 ВИСЛА – МАГДЕБУРГ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)