Во рамки од денешната ракометна програма ќе стартува претпоследното, 13. коло во Лигата на шампионите.
Словенечкиот шампион Целје откако во претходното коло против Барселона пропушти да направи сензација, денес ќе се обиде да му парира на Кил, кој минатиот викенд беше поразен на гостински терен од ПИК Сегед.
Во вториот дуел од терминот во 18:45 часот ќе се соочат екипите на Алборг и Елверум. Норвешкиот претставник во најквалитетното европско натпреварување се наоѓа пред елиминација, бидејќи во досегашниот тек од сезоната успеа да оствари само една победа, па така составот на Алборг е голем фаворит во скандинавскиот двобој.
Екипата на ПИК Сегед, која со победата над Кил го потврди пласманот во осминафиналето, ќе има дуел со Барселона, додека Загреб на свој терен ќе го пречека залетаниот Магдебург.
Освен во Лигата на шампионите, денес ќе се одиграат неколку натпревари во Данска, Романија, Полска, Грција, Словенија, Хрватска…
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
16:30 АРИС – ДИОМИДОС (ГРЦИЈА)
16:30 ГЛОРИЈА БИСТРИЦА – ВАЛЧЕА (РОМАНИЈА)
17:00 БРНО – ЛОВОСИЦЕ (ЧЕШКА)
17:00 ПОЛВА – КЕХРА (ЕСТОНИЈА)
18:00 НАЕРБО – ДРАМЕН (НОРВЕШКА
18:00 БЕКЕШЧАБА – ВАЦ (УНГАРИЈА)
18:00 ПОРЕЦ – СЕСВЕТЕ (ХРВАТСКА)
18:00 ГОРЕЊЕ – ЛОКА (СЛОВЕНИЈА)
18:30 ПЛЗЕН – ЗУБРИ (ЧЕШКА)
18:30 РУНАР – ХАЛДЕН (НОРВЕШКА)
18:30 КОЛДИНГ – СИЛКЕБОРГ (ДАНСКА)
18:30 СКАНДЕРБОРГ – СОНДЕРЈИСКЕ (ДАНСКА)
18:45 АЛБОРГ – ЕЛВЕРУМ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
18:45 КИЛ – ЦЕЛЈЕ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
19:00 АРХУС – ОДЕНСЕ (ДАНСКА)
19:00 РИКОБИНГ – КОПЕНХАГЕН (ДАНСКА)
19:30 НИКОБИНГ – ХОРСЕНС (ДАНСКА)
20:15 НОТВИЛ – ВИНТЕРТУР (ШВАЈЦАРИЈА)
20:45 БАРСЕЛОНА – ПИК СЕГЕД (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 ЗАГРЕБ – МАГДЕБУРГ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)