ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Еурофарм Пелистер на тежок тест против Веспрем

Денеска во центарот на вниманието на македонскиот јавност ќе биде натпреварот меѓу македонскиот и унгарскиот првак, Еурофарм Пелистер – Веспрем.

Овој дуел е дел од турнирот „Куп на пријателство“ што се одржува денеска и утре во турскиот град Сакарија.

Покрај Еурофарм Пелистер и Веспрем, играат и српскиот и белорускиот првак, Војводина и Мешков Брест.

Мечот меѓу Веспрем и Еурофарм Пелистер се игра од 18:00 часот, а во зависност од резултатот, пелистерци утре ќе ги чека битка за третото место или финале.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

15:00 ВОЈВОДИНА – МЕШКОВ БРЕСТ (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)

18:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ВЕСПРЕМ (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)

19:00 БЕРГИШЕР – БАЛИНГЕН (ГЕРМАНИЈА)

20:00 ШТУТГАРТ – ФУКСЕ БЕРЛИН (ГЕРМАНИЈА)

19:00 ВОСЛЕР – КРЕМС (АВСТРИЈА)

19:00 МАЛОМЕРИЦЕ – ФРИДЕК МИШТЕК (ЧЕШКА)

19:00 НОРДСЈЕЛАНД – ХОЛСТЕБРО (ДАНСКА)

17:00 ПИК СЕГЕД – ЃЕНЃЕШ (УНГАРИЈА)

18:00 ПЛЕР – ТАТАБАЊА (УНГАРИЈА)

16:00 ЧСМ БУКУРЕШТ – СИГИСОАРА (РОМАНИЈА)

18:00 ТАТРАН ПРЕШОВ – БОЈНИЦЕ (СЛОВАЧКА)

14:00 КАСТАМОНУ – АНАДОЛУ УНИВЕРЗИТЕТ (ТУРЦИЈА)