Екипата на Еурофарм Пелистер денес пред својата публика ќе го одигра првиот четвртфинален натпревар од СЕХА лигата во дивизијата „Југ“ против словачкиот Татран Прешов.
Избраниците на Александар Јовиќ ќе имаат убава можност да направат добра залиха на домашен терен за на реванш дуелот да не бидат резултатски оптоварени.
Дуелот меѓу македонскиот вицепрвак и словачкиот шампион ќе го судат Томислав Циндриќ и Роберт Гонжур од Хрватска.
Натпреварот ќе се одигра во спортската сала „Боро Чурлевски“, со почеток во 18:00 часот.
Освен во регионалната СЕХА лига, денес ќе се игра во неколку шампионати во Европа.
Свој настап во Асобал лигата ќе имаат интернационалците од Македонија, Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски, кои со Ваљадолид ќе му гостуваат на актуелниот европски првак Барселона.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
15:30 ДИНАМО – САРАТОВ (РУСИЈА)
18:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ТАТРАН ПРЕШОВ (СЕХА)
19:00 ЛУДВИГСХАФЕН – МОТОР (БУНДЕС ЛИГА 2)
19:00 ИШТАД – СКОВДЕ (ШВЕДСКА)
20:00 БАРСЕЛОНА – ВАЉАДОЛИД (ШПАНИЈА)
20:30 СИНФИН – ХУЕСКА (ШПАНИЈА)
20:30 МОНПЕЛЈЕ – ПСЖ (ФРАНЦИЈА)
21:00 БЕНИДОРМ – ГРАЊОЛЕРС (ШПАНИЈА)
21:30 ГВАДАЛАХАРА – ТОРЕЛАВЕГА (ШПАНИЈА)