Денес со натпреварот меѓу вториот тим на Веспрем и бундеслигашот Гепинген ќе започне новото, 7. коло во Лига на Европа.
На денешната програма ќе се одиграат 12 дуели и на поголемиот дел од нив се очекува да има голема борба.
Свој настап ќе има македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер, кој на денешното гостување во Данска кај екипата на Архус ќе атакува на трета сезонска победа.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер во досегашниот тек во второто по ранг европско натпреварување забележаа две победи, едно реми и три порази.
Пелистерци со триумф против Архус ќе ги зголемат шансите за второто место во својата група, па така избраниците на Ларс Валтер ќе имаат дополнителна мотивација на денешниот дуел.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
16:00 ВОЈВОДИНА – КИКИНДА (СРБИЈА)
17:00 ВЕСПРЕМ ККФТ – ГЕПИНГЕН (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:30 СОНДЕРЈУСКЕ – ФРЕДЕРИЦИЈА (ДАНСКА)
18:45 БЕНФИКА – ТАТРАН (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:45 ФТЦ – ЕКС АН ПРОВАНС (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:45 ФУКСЕ БЕРЛИН – МОТОР (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:45 ИШТАД – БЕНИДОРМ (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:45 АРХУС – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 АГУАШ САНТАШ – БИДАСОА (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 АЛПЛА ХАРД – СПОРТИНГ (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 ФЛЕНСБУРГ – ВАЛУР (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 ГРАЊОЛЕРС – БАЛАТНФУРЕДИ (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 МОНПЕЛЈЕ – КАДЕТЕН (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 НЕКСЕ – СКЈЕРН (ЛИГА НА ЕВРОПА)