Денеска во Македонија ќе се одиграат два дуели од последното, 14. коло од Суперлигата кај мажите и еден дуел од прволигашката конкуренција.
Тимот на Еурофарм Пелистер пред својата публика ќе го пречека незгодниот состав на Пролет и ќе се обиде со победа да го заврши регуларниот дел од сезоната. Дуел ќе имаат и Голден Арт и Тиквеш во спортската сала „Јане Сандански“. Двата натпревари ќе се одиграат во терминот од 18:00 часот.
Во рамки од Првата лига, еден од тимовите, кои претендираат на висок пласман, тимот на Драчево ќе гостува кај дебитантот во прволигашкото друштво – Голден Арт 2.
На европска сцена, односно во Лигата на шампионите со пет дуели ќе се комплетира последното коло во најквалитетното европско натпреварување за оваа година.
Свој настап ќе има и репрезентативецот на Македонија, Филип Кузмановски, кој со Хановер ќе му се спротистават на Гумерзбах. Борко Ристовски со Лемго гостуваат кај Хам Вестфален.
Освен во Лигата на шампионите и Бундес лигата, денес ќе се игра и во шампионатите во Данска, Франција, Романија, Хрватска…
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
13:00 ЈЕНИМАХАЛ – КОЊАЛТИ (ТУРЦИЈА)
16:00 ГАЛАТИ – БУЗАУ (РОМАНИЈА)
18:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ПРОЛЕТ (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ГОЛДЕН АРТ – ТИКВЕШ (МАКЕДОНИЈА)
18:15 НАЕРБО – КОЛШТАД (НОРВЕШКА)
18:30 ВИБОРГ – НИКОБИНГ (ДАНСКА)
18:45 ДИНАМО БУКУРЕШТ – ВЕСПРЕМ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
18:45 КЕЛЦЕ – ЦЕЛЈЕ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
19:00 НЕКСЕ – КАШТЕЛА (ХРВАТСКА)
19:05 ГУМЕРЗБАХ – ХАНОВЕР (БУНДЕС ЛИГА)
19:05 ВЕСТФАЛЕН – ЛЕМГО (БУНДЕС ЛИГА)
19:05 МЕЛСУНГЕН – МИНДЕН (БУНДЕС ЛИГА)
19:05 ШТУТГАРТ – ХАМБУРГ (БУНДЕС ЛИГА)
20:00 ЛИМОЖ – СЕЛЕСТАТ (ФРАНЦИЈА)
20:00 СЕСОН – НИЦА (ФРАНЦИЈА)
20:15 РИНГОБИНГ – СИЛКЕБОРГ (ДАНСКА)
20:30 ГОЛДЕН АРТ 2 – ДРАЧЕВО (МАКЕДОНИЈА)
20:45 АЛБОРГ – КИЛ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 НАНТ – БАРСЕЛОНА (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 ВИСЛА ПЛОЦК – ЗАГРЕБ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)