Денес на европска сцена стартуваат натпреварите од првото квалификациско коло од Лига на Европа. Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 за противник го имаат австрискиот вицепрвак Алпла Хард.
Избраниците на Александар Јовиќ во денешниот натпревар во Австрија ќе мора да го дадат максимумот доколку сакаат да направат поволен резултат пред реванш натпреварот, кој ќе се одигра на 4 септември во Битола.
Во текот на денешниот ден ќе се одигра и меморијалниот турнир „Гоце и Томе“ во Богданци. На вториот ден од турнирите во Ѓорче Петров, како и на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп ќе има богата ракометна програма.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
10:00 ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – БОРАЦ БАЊА ЛУКА (ТУРНИР ЃОРЧЕ)
10:00 ПАОК – СТРУГА (ТУРНИР ПРИЛЕП)
10:30 МЛАДОСТ БОГДАНЦИ – КУМАНОВО (ТУРНИР БОГДАНЦИ)
12:00 БОР – ВАРДАР (ТУРНИР ЃОРЧЕ)
12:00 ДУБОЧИЦА – СКОПЈЕ (ТУРНИР ПРИЛЕП)
12:15 ГОЛДЕН АРТ – АЛКАЛОИД (ТУРНИР БОГДАНЦИ)
15:00 ЛЕМГО – ЛА РИОХА (КВАЛИФИКАЦИИ ЛИГА НА ЕВРОПА)
15:00 КОКС – САНТАС (КВАЛИФИКАЦИИ ЛИГА НА ЕВРОПА)
17:00 ПОЛУФИНАЛЕ (ТУРНИР БОГДАНЦИ)
17:00 БАЈА МАРЕ – ФЕРЕНЦВАРОШ (КВАЛИФИКАЦИИ ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:00 ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – БЕКАМЕНТ (ТУРНИР ЃОРЧЕ)
18:00 ПРИЛЕП – СТРУГА (ТУРНИР ПРИЛЕП)
18:00 КОЛШТАД – ДРАМЕН (КВАЛИФИКАЦИИ ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:30 КРИСТИЈАНШТАД – ТРИМО ТРЕБЊЕ (КВАЛИФИКАЦИИ ЛИГА НА ЕВРОПА)
19:00 ФИНАЛЕ (ТУРНИР БОГДАНЦИ)
19:00 КРЕМЦ – БРЕГЕНЦ ( СУПЕР КУП АВСТРИЈА)
19:00 АЛПЛА – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 (КВАЛИФИКАЦИИ ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:00 ШАМБЕРИ – КОНСТАНТА (КВАЛИФИКАЦИИ ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – БОР (ТУРНИР ЃОРЧЕ)
20:00 СКОПЈЕ – МУЛТИ ЕСЕНС (ТУРНИР ПРИЛЕП)
19:30 ВЕСПРЕМ – ФЛЕНСБУРГ (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)