ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Еурофарм Пелистер во двобој со АЕК за финале на Струшкиот турнир

Денеска се играат натпреварите од третото и последно коло на Струшкиот турнир, по кое ќе бидат познати сите двојки за натпреварите за пласман.

Алкалоид и Бутел Скопје ќе се борат за избегнување на последното место во групата, во која Целје е прв финалист, додека Вардар ќе заврши во меч за трето место на турнирот.

Во втората средба ќе се соочат Татран Прешов и домаќинот Струга, додека во последниот натпревар од денот, Еурофарм Пелистер и АЕК Атина, за кој игра Стипе Мандалиниќ исто така ќе решаваат за вториот финалист.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

17:15 АЛКАЛОИД – БУТЕЛ СКОПЈЕ (СТРУШКИ ТУРНИР)

19:15 ТАТРАН ПРЕШОВ – СТРУГА (СТРУШКИ ТУРНИР)

19:30 ВИНСЛОВС – КАРЛСКРОНА (КУП НА ШВЕДСКА)

19:30 ИШТАД – АНДЕРСТОРПС (КУП НА ШВЕДСКА)

21:15 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – АЕК АТИНА (СТРУШКИ ТУРНИР)