На Светското првенство во Шпанија денеска завршуваат натпреварите од разигрувањето и се влегува во фазата во која ќе има елиминации и репрезентациите ќе останат без право на поправен односно ќе мораат да одат на максимум. Вечерва Норвешка и Холандија односно европскиот и светскиот првак ќе треба да покажат кој е подобро подготвен и да се борат за четврт-финале.
Според ситуацијата една од овие две селекции може да остане без учество понатаму бидејќи третопласираната Шведска има бод помалку, а денеска игра против Романија. Има луда комбинација при која со нерешен резултат од 32:32, Норвешка и Холандија би оделе таму во кругот од три селекции бидејќи Швеѓанките ремизираа и со двете селекции, но останува да се види како ќе финишира денот.
Ќе биде интересно и нијанси ќе решаваат, па денеска сигурно ќе има интересен ракомет.
ДЕНЕСКА НА ТЕТЕРЕНИТЕ
15:00ч
УЗБЕКИСТАН – АНГОЛА (Светско првенство, жени)
15:30ч
ПОЛСКА – ЦРНА ГОРА (Светско првенство, жени)
ПОРТОРИКО – КАЗАХСТАН (Светско првенство, жени)
17:00ч
ТЕМИШВАР – КЛУЖ (Романија 1)
17:30ч
КАМЕРУН – ИРАН (Светско првенство, жени)
18:00ч
СРБИЈА – СЛОВЕНИЈА (Светско првенство, жени)
ШВЕДСКА – РОМАНИЈА (Светско првенство, жени)
19:00ч
ХАЛБИ – АРАНАС (Шведска 1)
КРИСТИЈАНШТАД – МАЛМЕ (Шведска 1)
ХОВДЕ – ЛУГИ (Шведска 1)
19:30ч
ДОРМАГЕН – ЕСЕН (Германија, Бундес лиг а2)
20:30ч
ХОЛАНДИЈА – НОРВЕШКА (Светско првенство, жени)
РУСИЈА – ФРАНЦИЈА (Светско првенство, жени)