Денеска на терените: Дерби во ЛШ, Барса го пречекува Кил

Најинтересниот натпревар денеска ќе биде одигран во Барселона каде што Каталонците за ривал го имаат составот на Кил.

Поранешниот ракометар на Барселона, кој сега е на клупата на „зебрите“, Филип Јиха ги води своите играчи првпат на дуел против шампионот на Шпанија и ова се очекува да биде интересна средба.

Никола Митревски ќе биде на терен со тимот на Порто на дуел во Франција каде што ќе му гостува на составот на ПСЖ.

Ќе има и средби во Бундес лигата, а таму според распоредот на терен ќе се најдат Филип Миркуловски и Жарко Пешевски.

Денеска ќе се одиграат и две средби на домашна сцена така што и тука ќе има двобои, но фаворитите се познати предвреме така што не се очекуваат поголеми возбудувања.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

17:00ч

АЗОТИ ПУЛАВИ – ЗАГЛЕБИЕ ЛУБИН (Полска Супер лига)

18:30ч

БУТЕЛ СКОПЈЕ – МЕТАЛУРГ (Македонија Супер машка лига)

18:45ч

ПСЖ – ПОРТО (Лига на шампиони)

ПИК СЕГЕД –ЕЛВЕРУМ (Лига на шампиони)

19:00ч

БАЛИНГЕН – ЛАЈПЦИГ (Германија Бундес лига)

ЕСЕН – ГЕПИНГЕН (Германија Бундес лига)

РАЈН НЕКАР – ВЕЦЛАР (Германија Бундес лига)

ШТУТГАРТ – НОРДХОРН (Германија Бундес лига)

19:15ч

БЕРН – ТУН (Швајцарија 1)

19:30ч

КУМАНОВО – ГЕВГЕЛИЈА (Македонија, Супер женска лига)

ЦИРИХ – КРИЕНС (Швајцарија 1)

20:00ч

ДАНСКА – НОРВЕШКА (Пријателска средба, жени)

20:45ч

БАРСЕЛОНА – ЕЛВЕРУМ (Лига на шампиони).