Денеска на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ покрај Женската плажа, ќе се одиграат натпреварите од третиот ден на Струшкиот турнир.
Во битката за прво место во групата Б и за финале, ќе се соочат двата поранешни европски прваци – Вардар и Целје.
Во групата А ќе се играат два натпревари. Домаќинот Струга ќе игра против вицепрвакот на јужниот сосед АЕК Атина, додека Еурофарм Пелистер ќе брка втор триумф против словачкиот шампион Татран Прешов.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
17:15 СТРУГА – АЕК АТИНА (СТРУШКИ ТУРНИР)
19:00 ХЕЛСИНБОРГ – АЛИНГСАС (КУП НА ШВЕДСКА)
19:00 РИМБО – СКАНЕЛА (КУП НА ШВЕДСКА)
19:15 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ТАТРАН ПРЕШОВ (СТРУШКИ ТУРНИР)
20:00 МАГДЕБУРГ – ШАМБЕРИ (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)
21:15 ЦЕЛЈЕ – ВАРДАР (СТРУШКИ ТУРНИР)