Денес ќе продолжат квалификациските натпревари за Европското првенство 2024.
На денешната програма ќе има вкупно седум квалификациски дуели, по што ќе бидат познати уште неколку патници на ЕП.
Со натпреварот меѓу Косово и Црна Гора ќе биде комплетирано 5. коло од квалификациите за континенталниот собир во Германија. Делегат на натпреварот во Приштина ќе биде Марјан Начевски.
Во терминот од 20:00 часот ќе играат БиХ и Словенија. Босанците со евентуална победа над Словенија ќе ги зголемат шансите за пласман на Европското првенство, но доколку изгубат тогаш ќе направат чекор назад во квалификациската мисија.
Репрезентацијата на Србија во финското градче Ванта ќе се соочи со домашната селекција и ќе атакува на четврти триумф во квалификациите.
Машката кадетска репрезентациja на Македониja денеска има контролен натпревар против Хрватска од 18:00 часот.
На домашна сцена со натпреварот меѓу Бисинов и Борец, односно Шампион и Металург РА ќе започне новото, 6. коло во прволигашкиот плеј-аут и плеј-оф.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
17:00 ЕСТОНИЈА – ЧЕШКА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)
18:00 ФИНСКА – СРБИЈА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)
18:00 ИТАЛИЈА – ПОЛСКА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)
18:00 ИЗРАЕЛ – ИСЛАНД (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)
18:00 ЛИТВАНИЈА – УНГАРИЈА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)
18:00 ХРВАТСКА – МАКЕДОНИJA (ПРИJATEЛСКИ НАТПРЕВАР)
18:35 ШВЕДСКА – ГЕРМАНИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ)
20:00 БИХ – СЛОВЕНИЈА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)
20:15 КОСОВО – ЦРНА ГОРА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)
21:00 ШПАНИЈА – ДАНСКА (ПРИЈАТЕЛСКИ)
18:00 МАКЕДОНИЈА – ХРВАТСКА (ПРИЈАТЕЛСКИ)
20:00 БИСИНОВ – БОРЕЦ (МАКЕДОНИЈА)
21:00 ШАМПИОН – МЕТАЛУРГ РА (МАКЕДОНИЈА)