Денеска на терените: Два дерби дуели во Скопје, ќе има многу возбудувања

На натпреварите кои денеска треба да се одиграат во Скопје се очекува да биде доста возбудливо бидејќи бодовите им се потребни на сите екипи.

Во Автокоманда денеска тимот на Металург го пречекува Тиквеш, а покрај сите проблеми со кои се соочуваат металурзите немаат друг избор освен да дадат максимум и да се обидат да дојдат до бодови. Ќе биде многу тешко со оглед на ритамот во кој играат кавадарчани, па затоа ова може да биде доста интересен дуел.

Исто така возбудувања се чекаат и во „Македонско сонце“. Пролет веќе нема право на грешки, а му гостува составот на Еурофарм Пелистер 2. Младите ракометари од Еурофарм Пелистер неколкупати покажаа дека можат да бидат одличен ривал за секого и така се очекува и сега така што ќе биде доста возбудливо и на овој дуел.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

16:00ч

ЕЛБФЛОРЕНЦ – ДОРМАГЕН (Германија, Бундес лига 2)

18:00ч

МЕТАЛУРГ – ТИКВЕШ (Македонија, Супер машка лига)

ПРОЛЕТ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 (Македонија, Супер машка лига)

18:30ч

ФЛЕНЗБУРГ – ЛЕМГО (Германија, Бундес лига)

18:45ч

ВИСЛА ПЛОЦК – БИДАСОА ИРУН (Лига на Европа)

19:00ч

ИШТАД ИФ – ХОВДЕ (Шведска 1)

19:15ч

БЕРН – ЖЕНЕВА (Швајцарија 1)

19:30ч

ВЕНДИСЕЛ – АГФ (Данска 2, жени)

КРИЕНС – КАДЕТЕН (Швајцарија 1)

20:00ч

СУР – ФАДИ ВИНЕРТУР (Швајцарија 1)

20:30ч

СЕЛФОС – ФРАМ (Исланд 1)