Денеска на терените: Данска и Шведска за престиж и за крај на групната фаза

До крајот на групната фаза во машка конкуренција на Олимписките игри во Токио останаа уште само три натпревари, а на нив има три интересни пресметки.

Норвешка уште нема четврт-финале и со победа би обезбедила место во елиминациите. Франција, пак, сака повисок пласман и затоа нема да биде лесно, а ова е дуел на кој ќе судат Николов и Начевски.

Воедно и дуелот Германија – Бразил зависи многу од овој натпревар. И тука ќе има што да се види бидејќи Бразилците секако имаат своја шанса.

Данска и Шведска ослободени од притисокот за место во четврт-финалето ќе имаат само дуел за повисок пласман и подобра позиција пред четврт-финалените пресметки.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

09:15ч

НОРВЕШКА – ФРАНЦИЈА

12:30ч

ГЕРМАНИЈА – БРАЗИЛ

14:30ч

ДАНСКА – ШВЕДСКА