ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: ГОГ ќе го предизвика Алборг, Ристовска и ЦСКА по нова победа

Претставниците од Данска во Лигата на шампионите, ГОГ и Алборг денес ќе имаат меѓусебен дуел во рамки од осминафиналето во најквалитетното европско натпреварување.

Победникот од овој двобој ќе обезбеди пласман меѓу најдобрите осум екипи и ќе игра во четвртфиналето.

Во вчерашните дуели, победа остварија екипите на Веспрем и Кил, додека дуелот меѓу Висла Плоцк и Нант заврши без победник.

Во текот на денешниот ден, свој настап ќе има репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска.

Македонката заедно со ЦСКА Москва на свој терен ќе се соочат со незгодниот тим на Кубан од Краснодар и ќе се обидат да ја продолжат победничката серија во рускиот шампионат.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

15:30 АСТРАХАНОЧКА – ТОЉАТИ (РУСИЈА)

16:30 РОСТОВ ДОН – ЗВЕНИГОРОД (РУСИЈА)

18:00 ЦСКА МОСКВА – КУБАН (РУСИЈА)

18:00 ПРАГА – ЗУБРИ (ЧЕШКА)

18:00 ТАПА – ТАЛИН (ЕСТОНИЈА)

18:45 АЛБОРГ – ГОГ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

19:00 ГУИФ – ЛУГИ (ШВЕДСКА)

19:00 СКОВДЕ – САВЕХОФ (ШВЕДСКА)

19:05 БЕРГИШЕР – ВЕСТФАЛЕН (БУНДЕС ЛИГА)

19:05 ЕРЛАНГЕН – ЛАЈПЦИГ (БУНДЕС ЛИГА)

19:05 РАЈН НЕКАР – ХАМБУРГ (БУНДЕС ЛИГА)

20:00 КА – АФТУРЕЛДИНГ (ИСЛАНД)

20:30 ХАУКАР – ГРОТА (ИСЛАНД)