ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Втора контрола на Македонија и Црна Гора, кадетите со двоен предизвик

По вчерашниот дуел и победата со 38-33, денеска сениорските репрезентации на Македонија и Црна Гора ќе одиграат уште еден контролен натпревар во рамките на подготовките за настап на Мундијалот во Полска и Шведска.

Покрај сениорите, активни се и кадетите, кои се на силниот „Шпаркасе Куп“ во Мерциг, Германија. По вчерашниот дуел со Австрија и победата со 25-23, денеска кадетите ги очекуваат уште две средби од групата. Ривали ни се Холандија и Германија, а нивниот меѓусебен двобој заврши со триумф на бундес тимот со 36-17.

Се одиграат и други пријателски средби пред СП, а активни ќе бидат ракометарките во шампионатите на Шпанија и Шведска.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

14:00 МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)

11:20 МАКЕДОНИЈА – ГЕРМАНИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)

16:40 МАКЕДОНИЈА – ХОЛАНДИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)

19:00 ВАЉАДОЛИД – МАЛАГА (ШПАНИЈА)

19:00 ЛА КАЛЗАДА – ЕЛЧЕ (ШПАНИЈА)

21:00 БЕРА БЕРА – ГРАН КАНАРИЈА (ШПАНИЈА)

20:00 ЛУГИ – САВЕХОФ (ШВЕДСКА)

15:30 БРАЗИЛ – ЈУЖНА КОРЕЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)

16:00 ЕГИПЕТ – АЛЖИР (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)

18:00 ПОЛСКА – ТУНИС (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)

18:15 РОМАНИЈА – СЛОВАЧКА (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)

19:00 ЛЕТОНИЈА – ЧЕШКА (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)