ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Вардар ja пречекува Воjводина во СЕХА лигата

Ракометарите на Вардар денес ќе го одиграат првиот четвртфинален дуел против Војводина во рамки од регионалната СЕХА лига.

Избраниците на Владо Недановски се големи фаворити против српскиот шампион, кој во Скопје ќе допатува со младински состав.

Сепак, ниту младите ракометари од Нови Сад не се за потценување, бидејќи во дуелот со Еурофарм Пелистер во групната фаза покажаа дека знаат да одиграат квалитетно.

Натпреварот меѓу Вардар и Војводина е закажан за 18:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Покрај натпреварот во СЕХА, денес ќе стартуваат бараж дуелите за пласман на Светското првенство 2023 во женска конкуренција.

Полска и Косово со меѓусебен дуел ќе го отворат баражот за Мундијалот во Данска, Норвешка и Шведска.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

15:30 ОМСК – АКБУЗАТ (РУСИЈА)

17:30 КОКС – ДИКЕН (ФИНСКА)

17:45 ПОЛСКА – КОСОВО (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП)

18:00 САВЕХОФ – ГУИФ (ШВЕДСКА)

18:00 СТАВРОПОЛ – ДИНАМО (РУСИЈА)

18:00 ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ – ПЕРМ (РУСИЈА)

18:00 ВАРДАР – ВОЈВОДИНА (СЕХА)

18:30 ЦИРИХ – БЕРН (ШВАЈЦАРИЈА)

19:00 АЛИНГСАС – ХАМАРБИ (ШВЕДСКА)

19:00 АРАНАС – КРИСТИЈАНШТАД (ШВЕДСКА)

19:05 БЕРГИШЕР – МАГДЕБУРГ (БУНДЕС ЛИГА)

19:05 ФЛЕНСБУРГ – ЛАЈПИЦИГ (БУНДЕС ЛИГА)

19:05 ГЕПИНГЕН – ВЕЦЛАР (БУНДЕС ЛИГА)

19:05 ХАНОВЕР – ФУКСЕ БЕРЛИН (БУНДЕС ЛИГА)

19:30 МОТОР – БИТИНГХЈАМ (БУНДЕС ЛИГА 2)

20:00 ШАМБЕРИ – НИМ (ФРАНЦИЈА)

20:30 СЕЛЕСТ – ЛИМОЖ (ФРАНЦИЈА)