Тимот против кој „црвено-црните“ ја отворија сезоната во СЕХА-лигата, Пекинг Универзитет денеска ќе биде домаќин на Вардар.
Со ова продолжуваат натпреварите во СЕХА-лигата, а воедно завршува паузата поради репрезентативните активности. Секако ова е добра можност и за младите ракометари и за загревање пред натпреварот против Мешков Брест во Лигата на шампионите.
Средбата денеска почнува од 17:15 часот, а на овој дуел вардарци нема да бидат комплетни.
Недостигаат болниот Скубе и повредените Атман и Горпишин. Тоа ќе отвори простор за помладите и тие денеска сигурно ќе добијат повеќе минутажа.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ
17:15ч
ПЕКИНГ УНИВЕРЗИТЕТ – ВАРДАР (СЕХА-лига)
18:00ч
ТАЛИН – ВИЛЈАНДИ (Естонија Мејстер лига)
НЕКА – БУДАОРС (Куп на Унгарија, жени)
КВИЖИН – КЕЛЦЕ (Полска, Супер лига)
18:30ч
ЕСБЈЕРГ – ХЕРНИНГ ИКАСТ (Данска 1, жени)
19:00ч
БИСТРИЦА – КАРВИНА (Куп на Чешка)
МОТОР ЗАПОРОЖЈЕ – ТАТРАН ПРЕШОВ (СЕХА-лига)
ГАРДОНИ – СОМБАТЕЛИ (Куп на Унгарија, жени)
19:30ч
ТОНДЕР – ФИФ (Данска 2)
20:45ч
ППД ЗАГРЕБ – МЕТАЛОПЛАСТИКА (СЕХА-лига)