Денеска стартува осмото коло од Суперлигата со два натпревари што ќе се одиграат во главниот град.
Шампионот Вардар ќе игра против Вардар Неготино во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 19:00 часот, а „црвено-црните“ се големи фаворити против гостинскиот состав кој досега нема ниту еден бод.
Еурофарм Пелистер по поразот во Лигата на Европа, се враќа на домашните обврски и гостува кај тимот на Скопје во мечот што ќе се игра во „Форца“ од 19:30 часот.
Од македонските интернационалци, настап со Ваљадолид против гигантот Барселона треба да имаат Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски во меч што стартува од 21:15 часот.
Тројца македонски голмани – Даниел Ѓорѓески со унгарскиот Будакалас, Даниел Дупјачанец со Вилербан и Градимир Чаневски со израелскиот Макаби Ле Зион, ќе имаат настапи во националните првенства.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
20:30 ГРАНОЉЕРС – БЕНИДОР (ШПАНИЈА)
21:15 ВАЉАДОЛИД – БАРСЕЛОНА (ШПАНИЈА)
18:30 ГРАЦ – ФУКСЕ (АВСТРИЈА)
19:00 АЛПЛА ХАРД – БАРНБАХ (АВСТРИЈА)
20:00 КАШТЕЛА – НЕКСЕ (ХРВАТСКА)
18:00 БК 46 – СПОР ТОТО (ЕВРОПСКИ КУП)
18:30 НЕРБО – СЛОВЕЊ ГРАДЕЦ (ЕВРОПСКИ КУП)
19:30 ФАЈВЕРС – КА ТОР (ЕВРОПСКИ КУП)
20:00 ШАМБЕРИ – СЕН РАФАЕЛ (ФРАНЦИЈА)
20:00 ИСТР – ИВРИ (ФРАНЦИЈА)
20:30 КРЕТЕЈ – ЕКС (ФРАНЦИЈА)
18:30 ТАТАБАЊА – БУДАКАЛАС (УНГАРИЈА)
19:00 ВАРДАР – ВАРДАР НЕГОТИНО (МАКЕДОНИЈА)
19:30 СКОПЈЕ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (МАКЕДОНИЈА)
19:00 КЕЛЦЕ – САН ЈАРОСЛАВ (ПОЛСКА)
20:30 ШАМОТ – ДУБОЧИЦА (СРБИЈА)
19:00 ТОПОЛЧАНИ – БОЈНИЦЕ (СЛОВАЧКА)
18:15 ШВЕДСКА – ЧЕШКА (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)
21:10 ПОЛСКА – ФРАНЦИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)