ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Вардар од Словачка ја стартува новата сезона во СЕХА!

Ракометарите на македонскиот шампион Вардар денес ќе ја стартуваат авантурата во новата сезона од СЕХА лигата, дивизија Југ.

Избраниците на Владо Недановски за прв ривал од групната фаза од регионалното натпреварување го имаат незгодниот состав на Татран Прешов.

Двете екипи последен пат се сретнаа на Струшкиот турнир, играа во дуелот за 3. позиција, а победник беше словачкиот шампион, кој против ,,црвено црните” триумфираше со два гола разлика, 26:24.

Вардар освен со Татран Прешов, во групната фаза од СЕХА лигата ќе игра и против Партизан од Белград.

Во текот на денешниот ден ќе се игра и во шампионатите на Хрватска, Италија, Унгарија, Полска, Србија, Шпанија, Турција, Швајцарија…Свој настап ќе имаат дел од македонските интернационалци.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

11:00 АДАСОКАГИ – КАСТАМОНУ (ТУРЦИЈА)

11:00 КРОНОН – МИНСК (БЕЛОРУСИЈА)

11:30 СЛАТИНА – ГЛОРИЈА БУЗАУ (РОМАНИЈА)

13:00 АНАДОЛУ – ЈАЛИКАВАК (ТУРЦИЈА)

14:00 ПОДРАВКА – ОСИЈЕК (ХРВАТСКА)

14:00 САВЕХОФ – СКУРУ (ШВЕДСКА)

14:00 ХООР – КРИСТИЈАНШТАД (ШВЕДСКА)

14:30 ИЗМИР – ЈЕНИМАХАЛ (ТУРЦИЈА)

15:00 ОХРИД – КУМАНОВО (ПРИЈАТЕЛСКИ)

15:00 КУНГАЛВС – ХАЛБИ (ШВЕДСКА)

15:00 ЈАРОСЛАВ – ПЈОТРКОВИЈА (ПОЛСКА)

15:00 АИФК – ДИКЕН (ФИНСКА)

16:00 ТАТРАН – ВАРДАР (СЕХА ЛИГА)

16:00 ГОРЕЛЕ – УСКУДАР (ТУРЦИЈА)

16:00 КОПЕНХАГЕН – ЕСБЈЕРГ (ДАНСКА)

16:30 ПАНЧЕВО – КИКИНДА (СРБИЈА)

16:30 ЈАГОДИНА – РАДНИЧКИ (СРБИЈА)

16:45 СТОРХАМАР – ЛАРВИК (НОРВЕШКА)

17:00 ПАОК – ЗАФЕИРАКИС (ГРЦИЈА)

17:00 ФТЦ – ФЕХЕРВАР (УНГАРИЈА)

18:00 ШИОФОК – ЕРД (УНГАРИЈА)

18:00 ЃЕР – МТК БУДИМПЕШТА (УНГАРИЈА)

18:00 БРУЛ – ВИНТЕРТУР (ШВАЈЦАРИЈА)

18:00 ХЕРЦОГЕНБУШЕ – ЗУГ (ШВАЈЦАРИЈА)

18:00 АМИЧИТИЈА ЦИРИХ – ТУН (ШВАЈЦАРИЈА)

18:00 КРУЗЛИНГЕН – НОТВИЛ (ШВАЈЦАРИЈА)

18:00 ОЛИМПИЈА – САВА КРАЊ (СЛОВЕНИЈА)

18:00 ПИРАН – КРИМ (СЛОВЕНИЈА)

19:00 ИКАСТ – АРХУС (ДАНСКА)

19:00 БЕКАМЕНТ – НИШ (СРБИЈА)

19:00 АКЛИМАТ – АЈДОВШЧИНА (СЛОВЕНИЈА)

19:00 ВРХНИКА – ЛОГАТЕЦ (СЛОВЕНИЈА)

19:00 ФАСАНО – ПРЕСАНО (ИТАЛИЈА)

19:30 ФАЈВЕРС – ФЕРЛАХ (АВСТРИЈА)