Денеска на терените: Вардар на мегдан со Ѓорче Петров во единственото полуфинале кај дамите

Продолжуваат борбите за трофеите во Купот на Македонија, откако мажите ги одиграа полуфиналињата денеска на ред се дамите.

Како што е веќе познато, ланскиот освојувач на Куп трофејот, тимот на Металург, се откажа од настап на Ф4 поради финансиски проблеми, па така на денешната програма ќе има само еден полуфинален дуел.

Во единственото полуфинале во женска конкуренција ќе играат екипите на Ѓорче Петров и Вардар.

Победникот од овој дуел ќе обезбеди пласман во финалето и за трофејот ќе се бори со Куманово.

Финалето кај дамите е закажано за утре, со почеток од 15:00 часот.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

16:00 КРАЈОВА – ВАЛЧЕА (РОМАНИЈА)

16:30 ЧСМ БУКУРЕШТ – МИОВЕНИ (РОМАНИЈА)

18:00 ВОЈВОДИНА – ПАНЧЕВО (СРБИЈА)

18:00 ЧЕГЛЕДИ – ДАБАС (УНГАРИЈА)

18:00 ВЕСПРЕМ ККФТ – НЕКА (УНГАРИЈА)

19:00 ЦЕЛЈЕ – МАРИБОР (СЛОВЕНИЈА)

19:00 КОКА – ТРОГИР (ХРВАТСКА)

19:00 ХАМАРБИ – КРИСТИЈАНШТАД (ШВЕДСКА)

19:30 КРШКО – СЛОВАН (СЛОВЕНИЈА)

19:30 МОТОР – ПОТСДАМ (БУНДЕС ЛИГА)

20:00 ЗАМЕТ – УМАГ (ХРВАТСКА)

20:00 ВАРДАР – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ (МАКЕДОНИЈА)

20:30 АДЕМАР ЛЕОН – МОРАЦО (ШПАНИЈА)

20:30 ПАРИЗ – БРЕСТ БРЕТАЊ (ФРАНЦИЈА)

21:00 ИБВ – ВАЛУР (ИСЛАНД)