Македонскиот шампион Вардар денеска ќе го одигра четвртфиналниот натпревар од регионалната СЕХА лига против хрватскиот Нексе Нашице.
Од 20:15 часот во СЦ „Јане Сандански“ ќе стартува мечот што ќе го даде патникот на завршниот турнир во Задар.
На домашна сцена ќе биде актуелен стартот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски – Усташ“ со двата полуфинални меча, а стартува и ТВ Турнирот на шампионите во Добој.
Се играат и Супер Куп натпревари во Данска во двете конкуренции.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
17:30 ПАРТИЗАН – ПРОЛЕТ (ТУРНИР КРСТЕ АНДОНОВСКИ)
17:30 СЛОГА ДОБОЈ – ТАТРАН ПРЕШОВ (ТУРНИР ДОБОЈ)
18:30 ОДЕНСЕ – ЕСБЈЕРГ (СУПЕР КУП НА ДАНСКА)
19:00 КОЛДИНГ – СИЛКЕБОРГ (КУП НА ДАНСКА)
19:00 МАЛМЕ – ОНЕРЕДС (КУП НА ШВЕДСКА)
19:15 ЦЕЛЈЕ – ВОЈВОДИНА (ТУРНИР ДОБОЈ)
20:00 ОХРИД – ТИКВЕШ (ТУРНИР КРСТЕ АНДОНОВСКИ)
20:00 ДХГ – ВИБОРГ (КУП НА ДАНСКА)
20:15 ВАРДАР – НЕКСЕ (СЕХА ЛИГА)
20:30 ГОГ ГУДМЕ – АЛБОРГ (СУПЕР КУП НА ДАНСКА)
21:00 ЗАГРЕБ – СЕНТ ГАЛЕН (ТУРНИР ДОБОЈ)