ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Бутел Скопје брка негатива и историски пласман во групите од ЛЕ

Денеска во центарот на вниманието на македонската јавност ќе биде натпреварот меѓу Бутел Скопје и Алпла Хард, на кој избраниците на Кристијан Грчевски ќе бркаат пет гола негатив по поразот во првиот меч, 26-21.

Доколку се случи тоа, ќе биде историски успех за македонскиот тим, а нашата држава покрај Еурофарм Пелистер ќе добие втор претставник во второто по ранг европско клупско натпреварување.

Покрај дуелот на Бутел и Алпла Хард се играат уште 11 други натпревари, по кои ќе бидат познати сите учесници во групната фаза од Лигата на Европа.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

18:30 ФРЕДЕРАЦИЈА – СОНДЕРЈИСКЕ (ДАНСКА)

20:30 НОРДСЈЕЛАНД – ЛЕМВИГ (ДАНСКА)

17:00 ВЕСПРЕМИ КФТ – ШАМБЕРИ (ЛИГА НА ЕВРОПА)

18:45 СИЛКЕБОРГ – СПОРТИНГ (ЛИГА НА ЕВРОПА)

18:45 БУТЕЛ СКОПЈЕ – АЛПЛА ХАРД (ЛИГА НА ЕВРОПА)

18:45 ФЕРЕНЦВАРОШ – СТЕАУА (ЛИГА НА ЕВРОПА)

18:45 ФЛЕНСБУРГ – КВИЖУН (ЛИГА НА ЕВРОПА)

18:45 КОЛСТАД – БИДАСОА (ЛИГА НА ЕВРОПА)

18:45 ЛЕМГО – ГЕПИНГЕН (ЛИГА НА ЕВРОПА)

18:45 ОРХУС – КРИСТИЈАНШТАД (ЛИГА НА ЕВРОПА)

18:45 ЦИРИХ – БЕНИДОРМ (ЛИГА НА ЕВРОПА)

20:45 АГУАШ САНТАШ – БЕЛЕНЕНСЕС (ЛИГА НА ЕВРОПА)

20:45 МОНПЕЛЈЕ – САВЕХОФ (ЛИГА НА ЕВРОПА)

20:45 НЕКСЕ – АЗОТИ ПУЛАВИ (ЛИГА НА ЕВРОПА)

17:00 РУХ ХОРЗОВ – ПЈОТРКОВИЈА (ПОЛСКА)

18:00 ЖЕЛЕЗНИЧАР – НАИСА НИШ (СРБИЈА)

19:00 АРАНАС – РЕДБЕРГСЛИДС (ШВЕДСКА)

19:00 МАЛМЕ – АЛИНГСАС (ШВЕДСКА)