Денеска во центарот на вниманието на ракометната јавност во Македонија ќе биде настапиот на Еурофарм Пелистер во Лига на Европа. Македонскиот вицепрвак во второто по ранг европско натпреварување на свој терен ќе ја пречека Бидасоа Ирун од Шпанија во рамки од 6. коло.
Двете екипи се сретнаа во претходното, 5. коло, во кое убедлива победа оствари шпанскиот претставник и покажа дека не е екипа за потценување. Избраниците на Ларс Валтер во досегашниот тек од сезоната во Лига на Европа забележаа две победи и доколку триумфираат на денешниот натпревар, тогаш ќе го потврдат пласманот во осминафиналето и ќе бидат дел од најдобрите 16 екипи.
На денешната програма во Лига на Европа ќе се одиграат уште 11 натпревари. Во групата во која се наоѓа Еурофарм Пелистер ќе играат Мотор Запорожје и Агуаш Санташ, а во Данска ќе има дерби меѓу моментално најдобрите два тима од групата Д, Фуксе Берлин и Архус.
Екипата на Архус минатиот викенд токму од Фуксе Берлин го доживеа првиот пораз во Лига на Европа и денес пред своите фанови ќе сака да им се одмазди на „лисиците“. Овие две екипи веќе од поодамна обезбедија пласман во осминафиналето во Лига на Европа.
Освен во европското натпреварување, денес ќе има дуели и во шампионатите на Романија, Словенија, Португалија, Белорусија, Шведска…
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
15:30 КРОНОН – СКА МИНСК (БЕЛОРУСИЈА)
16:30 БИСТРИЦА – ЧСМ БУКУРЕШТ (РОМАНИЈА)
17:00 БАЛАТОНФУРЕДИ – АЛПЛА (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:45 БЕНИДОРМ – ЕКС АН ПРОВАНС (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:45 КАДЕТЕН – ГЕПИНГЕН (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:45 МОТОР – АГУАШ САНТАШ (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:45 ТАТРАН ПРЕШОВ – ККФТ ВЕСПРЕМ (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:45 АРХУС – ФУКСЕ БЕРЛИН (ЛИГА НА ЕВРОПА)
19:00 МАЛМЕ – КРИСТИЈАНШТАД (ЛИГА НА ЕВРОПА)
19:20 КРИМ – КОПЕР (СЛОВЕНИЈА)
20:45 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – БИДАСОА (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 ГРАЊОЛЕРС – НЕКСЕ (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 МОНПЕЛЈЕ – БЕНФИКА (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 СПОРТИНГ – СКЈЕРН (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 ВАЛУР – ИШТАД (ЛИГА НА ЕВРОПА)
22:00 БРАГА – МАДЕИРА (ПОРТУГАЛИЈА)