ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Алборг на мегдан со Барселона, Загреб по изненадување против Висла

По вчерашните натпревари од првото коло од групната фаза во Лига на Европа, денес ќе се одиграат четири дуели од 5. коло во Лига на шампионите.

Најинтересно се очекува да биде во дуелот меѓу актуелниот европски шампион Барселона и залетаниот Алборг, кој во годинешната сезона влезе со големи амбиции.

Екипата на Загреб против Висла Плоцк ќе се обиде да дојде до втората победа во годинешната сезона. На табелата во група А, полскиот тим има две победи и два порази, додека Загреб три порази и една победа.

Денес активни ќе бидат и дел од македонските интернационалци. Настапи ќе имаат Никола Косетски и Виктор Гигов. Костески со екипата на Плзен во рамки од 10. коло од шампионатот на Чешка му гостуваат на незгодниот Зубри.

Голманот Виктор Гигов и ПАОК силите ќе ги одмерат против тимот на Зафеиракис во натпревар од грчкиот шампионат. Освен во Чешка и Грција, натпревари ќе има и во шампионатите на Франција, Норвешка, Хрватска, Данска, Швајцарија…

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

17:00 ЗАФЕИРАКИС – ПАОК (ГРЦИЈА)

17:30 МЕЛХУС – БЕРГЕН (НОРВЕШКА)

18:00 ЗУБРИ – ПЛЗЕН (ЧЕШКА)

18:30 МОСЛВАВИНА – СЕСВЕТЕ (ХРВАТСКА)

18:30 ЛЕМВИНГ – МОРС (ДАНСКА)

18:45 ДИНАМО БУКУРЕШТ – ПСЖ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

18:45 ЗАГРЕБ – ВИСЛА ПЛОЦК (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

18:45 ПИК СЕГЕД – ЕЛВЕРУМ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

19:00 ВИНТЕРТУР – КРИЕНС (ШВАЈЦАРИЈА)

19:15 АРЕНДАЛ – ДРАМЕН (НОРВЕШКА)

19:30 РУДАР – ГОРИЦА (ХРВАТСКА)

19:30 ТУН – ЗУР (ШВАЈЦАРИЈА)

19:30 ПАНЧЕВО – КИКИНДА (СРБИЈА)

20:30 СЕСОН – ШАРТ (ФРАНЦИЈА)

20:45 АЛБОРГ – БАРСЕЛОНА (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)