„Дембеле, Лејно, Лакрабер…кажаа само убави работи за Вардар и Скопје“

Пикерот Жереми Тото беше соиграч со Борко Ристовски во францускиот тим Кретеј, но голманот не е „врската“ која ќе го донесе во Скопје.

Жереми вели дека слушнал само добри зборови за клубот и градот од француските репрезентативки кои беа дел од шампионскиот ЖРК Вардар.

„Со Борко играв во Кретеј пред шест-седум години, но не побарав совет од него пред да потпишам за Вардар. Разменивме неколку пораки на социјалните мрежи пред да дојдам и тој беше среќен што повторно ќе бидеме соиграчи. Трансферот се случи преку менаџерот, а добрите препораки ги добив преку француската репрезентативка Заади. Таа е пријателка со Дембеле, Лејно, Лакрабер – кои играа во ЖРК Вардар и ми потврди дека искуствата и препораките од нив се одлични и за градот и за клубот и за условите. Ми рече директно – ‘Да, прифати ја понудата!’ Верував и дека тоа ќе биде добар предизвик за мене“.

Целото интервју со Жереми Тото може да го прочитате во продолжение…

ИНТЕРВЈУ ЖЕРЕМИ ТОТО: Со Дејвис сонуваме за Ф4, не тера да веруваме дека нема лимит!