Делчево Вардар го доби градскиот двобој, Вардар и Металург со убедливи победи

Се одигра и второто коло во женската кадетска лига, со исклучок на дуелот меѓу Куманово и Шампион, кој е на програмата вечерва.

Во групата А, фаворитките стигнаа до лесни победи, откако Вардар славеше против Ѓорче Петров, а Металург на гости кај Илинден Вардар.

Во групата Б, Стружанка, без мака го победи Пелистер во Битола со 20 голови разлика, а Сани исто така со полн плен се враќа од гостувањето кај Феникс. Во Гостивар, екипите на Јехона и Лихнид си поделија по бод.

Во групата В, Делчево Вардар беше убедлив против Брегалница Плус, а Деспина не дозволи изненадување против Гевгелија.

Кадетки, 2 коло, резултати:

Група А
Вардар – Ѓорче Петров 35-26
02/12, 18:30 часот, Куманово – Шампион
Илинден Вардар – Металург 22-30

Група Б
Пелистер – Стружанка 9-29
Јехона – Лихнид 19-19
Феникс – Сани 28-32

Група В
Деспина – Гевгелија 24-8
Делчево Вардар – Брегалница Плус 42-27