Тренерот на голманите на Кил, Матијас Андерсон се врати меѓу стативите после две години пауза и покажа дека тоа што нема брането не оставило трага кај него. Тој мораше на голот бидејќи Никлас Ландин е повреден и покажа дека може уште да биде на врвно ниво.
Андерсон синоќа бранеше против Хановер точно три минути и 11 секунди. За ова време успеа да собере две интервенции така што покажа дека може да биде од голема помош и во продолжение од сезоната во Бундес лигата.
Кил вчера играше против Хановер на Филип Кузмановски. Дојде до победа од 34:31 така што продолжува со добрите резултати.
На овој дуел Кузмановски беше стрелец на три погодоци.