Деветка за Николовски, Аеродром триумфално кај Македонија Ѓорче Петров

Екипата на Аеродром имаше сигурен настап во 17. коло од групата Б во Првата лига и славеше на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров со 25:28.

Аеродром отвори со 1:3, а потоа зголеми на 2:6 и целосно ја контролираше играта и резултатот во почетниот дел од дуелот. Во продолжение на првите 30 минути гостите не дозволија Македонија ЃП да се врати во игра.

Николовски и Митревски со по два гола после дваесетина минути донесоа високи 7:13 за Аеродром. До полувремето го сочуваа водството и имаа 12:17. Во второто полувреме Македонија ЃП имаше подобро издание успеа да намали до минус еден, но немаше сили за целосен пресврт. Во завршницата Аеродром рутински одигра и запиша нови бодови.

Најефикасен во победничката екипа беше Бојан Николовски со девет погодоци, а четири постигна Филип Пајкоски. Во тимот на Македонија ЃП прв стрелец беше Александар Ѓорѓевски со шест гола, додека пет постигна Петко Митовски.