Поранешниот среден бек на Металург и Вардар, Павел Атман, дебитираше за новиот клуб во рускиот шампионат, Спартак Москва.
Иако претходната седмица овој тим прослави голема победа над Чеховски Медведи, сепак се сопна на првата посеризона пречка.
Спартак загуби на гостувањето кај четвртфиналистот на Челинџ Купот, Виктор Ставропол со 30-25.
Атман дебитираше со три голови од седум обиди, а прв настап за тимот од Москва имаше и левиот бек Станислав Жуков, додека деби ќе чекаат Виктор Киреев и Игор Сорока.
Сега Спартак е на четвртата позиција, зад Виктор Ставропол, Нева Санкт Петерсбург и Чеховски Медведи.