Поранешната ракометарка на Вардар, Камила Херем има импресивна низа од настапи на 17 големи натпреварувања по ред (ЕП, СП и ОИ).
Репрезентативната кариера на левото крило започна на ЕП 2008 во Македонија, но сега не е сигурна дали ќе биде во комбинација за настап на ЕП 2022 во Македонија, Црна Гора и Словенија.
35-годишната Херемм имаше повреда и операција на Ахиловата тетива на крајот на мај, а сега полека се враќа во форма.
„Полека се враќам по три месеци без натпревар по операцијата. Се плашев дека ќе ме боли, но среќна сум што се чувствувам добро кога ќе излезам од теренот. Мисламмд дека треба да бидам во добра форма за настап на ЕП, а имам уште долг пат до тоа. Ќе видиме што ќе се случи во следните недели“, вели Херем за ТВ2.
Норвешка ќе игра во групата A во Љубљана со Унгарија, Хрватска и Швајцарија.