Екипата на Скопје 2020 продолжува со победите во Групата Б од Првата машка лига и веќе докажува дека е еден од посериозените кандидати за висок пласман. Плеј-офот е веќе на чекор од дофат, а победата против Делчево Вардар на негов терен беше само доказ за квалитетот.
Скопје 2020 денеска победи со 43:30 со што остана на максимално постигнување односно веќе има три победи од три натпревари така што останува со Металург РА на врвот со девет бода.
Тимот на Делчево Вардар иако беше домаќин не успеа да го искористи тоа, па уште во првото полувреме имаше негатива од девет гола така што потоа беше само прашање која ќе биде разликата на крајот.
Младите ракометари од Скопје 2020 одиграа мирно и сигурно и имаа целосна контрола така што успеаја да се изборат за дури 43 гола. Иако примија 30, сепак, и ова беше и повеќе од доволно за да стигнат до третиот триумф сезонава во серија.
СКОПЈЕ 2020 – ДЕЛЧЕВО ВАРДАР 43:30 (24:15)
Сала: „М. М. Брицо“ во Делчево. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.
СКОПЈЕ 2020: Стојкоски, Михајловски, Трифуновски, Чакалиќ 4, Киселовски 2, Пешевски 6, Тркалевски 1, Трајчевски 3, Блажевски 4, Грујовски 4, Србиновски, Бајрамоски 6, Димчевски 2, Димитријевски 4, Мишевски 7.
Седмерци: 2/4, Исклучувања: 8 мин.
ДЕЛЧЕВО ВАРДАР: Златковски, Лазаревски, Ѓоргиевски 12, Ѓорѓиев 9, Јанков 1, Дамјанов 1, Чучурски, Царовски, Тренчевски, Стоиловски 7, Манов, Анастасовски, Велков.
Седмерци: 1/1, Исклучувања: 8 мин.