Дебитантот КЛ 7 даде отпор, но бодовите заминаа со охриѓани (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Охрид и КЛ 7 одиграа интересен натпревар на стартот од новата сезона во СЦ „Борис Трајковски“, а младите ракометари дадоа отпор на поискусниот тим. Охриѓани си заминаа од Скопје со победа од 29:23 така што дојде до очекувани бодови. Победникот беше решени во првите 30 минути кога Охрид дојде до 18:8, па во вториот дел од средбата составот на КЛ 7 се потруди да ја намали разликата и да покаже дека со секој нов натпревар ќе игра сè подобро. Како беше на оваа средба можете да погледнете и од фотографиите.