Тимот на Алкалоид, кој е дебитант во суперлигашката конкуренција имаше победнички старт на новата сезона. Избраниците на Кире Лазаров триумфираа на гостувањето во Прилеп со убедливи 43-30.
Во првите пет минути се играше гол за гол, до 4-4, потоа гостите од Скопје се одлепија на плус три, 7-4, а до крајот на првото полувреме нивната предност се движеше од три до пет гола. На пауза се замина со резултат 22-17 за Алкалоид
Во второто полувреме комплетна доминација на новиот суперлигаш. Гостинските ракометари не дозволија никаква закана од домашниот тим и само рутински го приведоа натпреварот до крајот со конечни 13 гола разлика, 43-30.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Мартин Серафимов со осум и Божидар Илиески со шест погодоци, додека кај Прилеп, Давор Шокоски даде осум, а Мириани Гавашелишвили и Пеце Ѓорѓиески постигнаа по шест гола.