Новиот клуб во Женската лига, Металург Автокоманда, имаше победнички старт во единственото женско сениорско натпреварување во Македонија.
Избраничките на Јулијана Дамчевска за прв ривал го имаа тимот на Спартак и во натпревар без голем интензитет славеа со 31:23.
Спартак даде отпор само во воведниот дел, се друго мина во знакот на домаќинот, кој на полувреме замина со предност од 18:9.
Ниту во вториот дел немаше голема промена на резултатот, домаќинките ја задржаа стекнатата предност од првите 30 минути, во еден момент се опуштија, но не дозволија гостинскиот табор да се доближе да помала негатива.
Најефикасна во победничката екипа беше Марија Гугуљанова со седум погодоци, шест постигна Сара Миновска, по пет реализации имаа Теодора Гулицоска и Мила Трајковиќ.
Кај гостите најдобар стрелец беше екс членката на Вардар, Ангела Гроздановска, која во мрежата на домаќинот постигна шест погодоци.